петок, декември 20, 2024
домаТехнологијаАвто-Мото„Мерцедес-Бенц“ повлекува повеќе од 660.000 возила во Кина

„Мерцедес-Бенц“ повлекува повеќе од 660.000 возила во Кина

Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес-Бенц“ ќе повлече повеќе од 660.000 возила во Кина кон крај на годинава, поради можното истекување на моторното масло.

Според известувањето објавено минатата недела од кинеската државна управа за регулирањее на пазарот, поради потенцијалното слабеење на заптивката сместена помеѓу пумпата за гориво под притисок и цевката за снабдување со гориво со низок притисок, со време може да до протекување на масло при стартување на моторот во период на студено време, наведува АП.

Станува збор за возила произведени од февруари 2013 година до јуни 2017 година, вклучувајќи ги и C-класа, Е-класа, V-класа, GLK-класа, CLS-класа, SLC-класа, GLC SUV и VS20 VITO.

Повеќето од возилата се произведеni во кинеските фабрики на „Мерцедес-Бенц“, а околу 36.000 биле увезени во Кина.

Планирано е спорните делови да бидат заменети бесплатно. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ