понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСценаМери ја претстави својата нова песна "Lights"

Мери ја претстави својата нова песна “Lights”

Валентина Ѓоргиевска Парго

Мери Тодорова Младеновска сними нова песна, овој пат на англиски јазик, и носи наслов Лигхтс
Авторка на текстот е самата таа, музиката и аранжманот се на Ристо Апостолов(„Водолија“).
Мери е новинар, Тв водителка и првенствено академска ликовна уметница, која од пред неколку години почна и поактивно да се занимава со поп музика, а Гран при со поп темата „ Не допирај ме“ освои минатата година на охридскиот „Канео фест“.
За оваа песна и за песната „Те молам немој да одиш“ нејзиниот менаџер, воедно и брачен другар Симе Младеновски, најавува спотовиво блиска иднина.
Уметницата, полека но сигурно го подготвува својот прв албум, со девет песни, на кој ќе има неколку дует-песни
Текстови ги пишуваат таа, Огнен Неделковски и Бранко Николовски, а музиката Ристо Апостолов,Гаро Тавитијан, Јане Дунимаглоски, Томче Коцевски Дејан Миленковски.
Симе Младеновски нагласува дека покрај музиката продолжуваат и со емисијата „Лица и дела“ на Тв Сонце, на која мери е автор и водител а Симе продуцент. Во емисијата гостуваат минентни познати личности.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ