петок, декември 27, 2024
домаЖивотСценаМери со три награди на „Еврофест 2018“

Мери со три награди на „Еврофест 2018“

Валентина Ѓоргиевска Парго

На неодамнешниот „Еврофест“ тв авторката и пејачка Мери Тодорова Младеновска освои три награди: трето место од публика, специјална награда и награда за сценски настап. На сцена нејзини соработници беа шоуменот и хуморист Славчо 24 и Гоце Неделковски .Таа ја испеа песната „Те нема веќе“ на музика и текст од Томислав Коцевски Пепси и во аранжман на Дејан Миленковски.

Мери имаше многу атрактивен настап, ја крена целата публика на нозе. Инаку креацијата беше нејзина бидејќи како знаеме таа сама си прави модели и во иднина сака да направи своја модна линија.

За во иднина веќе договори две дует песни и тоа со Ана Стефановиќ од Србија, ќерка на познатата српска везда Боба Стефановиќ и Бењамин Хасановиќ, која доби Гранд при во интернационалната вечер. За многу брзо време Мери ќе го издаде својот прв албум, песните се веќе готови и се чека само да се направи пост продукција. Првиот дует ќе биде со познатиот фолк интерпретатор Петар Нечоски и вториот дует ќе биде со познатата звезда во забавната музика сега и оперист Јане Дунимаглоски.

Композитори на првиот албум ќе бидат Ристо Водолија,  Јане Дунимаглоски,  Томислав Коцевски, Гаро Тавитијан, Дејан Миленковски, Владо Гроздановски- Партимен. Тексописци се Бранко Николовски, Огнен Неделковски, Мери Тодорова Младеновска, Петар Нечовски, Томислав Коцевски. Ќе има и три спота за кои ќе се погрижи „Лд продукција“ во режија на Симе Младеновски, нејзиниот сопруг и продуцент. Тие ја подготвуваат емисијата „Лица и дела“ на Тв „Сонце“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ