сабота, јули 27, 2024
домаКујнаМоника Блажевска со прва самостојна изложба и ревија

Моника Блажевска со прва самостојна изложба и ревија

Младата уметница Моника Блажевска ја најави својата прва самостојна изложба, насловена „Љубовта е уникат… … уникат е и БМ“ , која ќе се одржи во четврток, на 15 февруари 2018 година во 20 часот во ВИП база-мезе бар.
И самата изложба е замислена како уникатна- со презентација на уметнички дела, со добра дружба во ноќта, љубовна поезија, песни и скапоцена голтка вино со сортните вина на винаријата Езимит Вино, од Штип.
Младата уметница Моника Блажевска е родена на 13 март 1990 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“. а дипломира на Европскиот универзитет, Факултет за Арт и дизајн, насока- графички дизајн. Работи како графички дизајнер и сликарка. Учествува на седум групни изложби. Отвора и своја галерија со уметнички слики, во ТЦ „Беверли хилс“. Ова е нејзина прва самостојна изложба.
Нејзина специјалност се уникатни уметнички цртежи на облека, изработува рачно насликани портрети на маички, марами, фустани, по што стана препознатлива, барана, популарна, и се издвои како урбана уметница.
На својата уметничка вечер Моника ќе презентира 15 уметнички слики и модна ревија со нејзини цртежи на облека, кои ќе ги презентираат млади модели Ивана Гелева, Теодора Бојчева, Дона и Симона Станчеви, и заштитните лица на најновата колекција „БМ“, поп пејачката Зорица Зои Блаж и словенечкиот спортист Тадеј Матијашиќ.
Во програмата ќе настапат естрадните уметници Зои Блаж, Ристо Апостолов од групата „Водолија“, Роберт Вуќелиќ, поетесите Оливера Доцевска, Елена Пренџова, Ана Љубиќ и Валентина Ѓоргиевска- Парго, модераторката на вечерта ќе биде Деспина Јанакиевска, а ќе има и евровизиска музика во избор на ИНФЕ Македонија. Во креирањето на овој настан учество ќе земе и уметникот кандидат- Нобеловец Живко Поповски- Цветин и Марга Филиповска.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ