сабота, септември 28, 2024
домаКујнаНАТО на итен состанок расправа за труењето на Алексеј Навални

НАТО на итен состанок расправа за труењето на Алексеј Навални

НАТО објави дека денес ќе одржи посебен состанок во врска со труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, пишуваат европските медиуми. Северноатлантскиот совет ќе се состане во 12,30 часот по Брисел, по што генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се обрати пред новинарите. На средбата ќе се дискутира за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со отровот новичок, што го потврдија лекарите во Берлин.

Нервниот отров новичок беше искористен и против поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во англискиот град Солсбери пред две години.

Случајот, кој претставува прва офанзивна употреба на хемиско оружје во Европа по Втората светска војна, го натера НАТО да протера седум руски дипломати како одмазда.

Труењето на Алексеј Навални, последен во низата обиди за атентат врз критичарите на Кремљ, предизвика меѓународен гнев и предизвика барања за казнени мерки против Москва.

ЕУ вчера соопшти дека очекува Русија, без оглед на претходните проблеми со слични случаи, да спроведе темелна истрага заснована врз нови сознанија кои укажуваат дека опозицискиот лидер Алексеј Навални е отруен од хемиски агенс.

Кремљ ги отфрла обвинувањата дека е одговорен за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, нагласувајќи дека нема основа за воведување санкции кон Русија поради тој случај.

Германската влада соопшти дека има „непобитни докази“ дека Навални бил отруен со новичок, нервен агенс за кој се верува дека се произведува во Русија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ