Црногорското небо од денеска го штитат борбени авиони на италијанските и грчките воздухопловни сили во составот на НАТО, во соработка со воздухопловните сили на Армијата на Црна Гора. По повод почетокот на заштитата на воздушниот простор на Црна Гора на денот на првата годишнина од членството на државата во НАТО, беше организирана демонстрација на слетување на „авиони-натрапници“.
Во улога на „авион-натрапник“ што беше пресретнат беше авион на црногорската влада во кој беа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ, и претставник на НАТО. Демонстрационата вежба беше успешно завршена.
Од црногорското Министерство за одбрана изјавија дека мисијата на заштитата на воздушниот простор е една од најзначајните форми на директна корист од членството на Црна Гора во НАТО. Како што е наведено, со оглед на ограничените сопствени капацитети, Црна Гора ќе добие поддршка од сојузниците во заштитата на воздушниот простор, преку мисија на НАТО од неборбен карактер.