вторник, јуни 18, 2024
домаНаше БебеНоќно мокрење кај децата

Ноќно мокрење кај децата

Сите деца ја надминуваат навиката за ноќно мокрење. Како што созреваат, нивните мускули стануваат се посилни, а и капацитетот на мочниот меур станува поголем. Тие стануваат поосетливи за сигналите на мочниот меур и спијат полесно

Детето кое мокри во кревет, а е постаро од 4-5 години се смета дека има проблем со ноќно мокрење. Ноќното мокрење обично се намалува со возраста. Познато е дека кај децата кои се на шест годишна возраст 10% имаат проблем со мокрење навечер, а кај 14 годишни деца 3%. Во многу мал број случаи мокрењето навечер може да продолжи и во возрасни години. Ноќното мокрење (енуресис) се нарекува примарно ноќно мокрење или енуреза ако детето воопшто не научило да го контролира мокрењето. Секундарно мокрење или енуреза се однесува на она ноќно мокрење во кревет при кое детето првично научило да се контролира и било суво значително подолг период на време, но повторно почнало да мокри во кревет.
Примарна енуреза (хронично ноќно мокрење)
Причини
Хроничното ноќно мокрење кај децата се смета дека е поврзано со следните две ситуации (1) физички и/или невролошки недоразвиен мочен меур или (2) длабок сон кај детето. Честопати децата спијат многу длабоко и не се свесни за тоа дека мочниот меур праќа порака во мозокот дека тој е полн. Исто така се верува дека мокрењето во кревет е резултат на наследни фактори. Обично родител, чичко, тетка, баба, дедо или некој друг член од семејството исто така имале таков проблем кога биле мали. Покрај ова се покажало дека децата кои имаат проблем со задршка на вниманието, со проблеми во учењето или со алергии има поголема веројатност да имаат ваков проблем од останатите деца.
Децата кои се на училишна возраст и имаат проблем со ноќно мокрење, се засрамени од својот проблем. Поради ова тие имаат тенденција да се повлекуваат од дружење со своите врсници, особено во ситуации кое бараат дружење со преспивање на друго место. Исто така, тие страдаат од недостаток на самодоверба. Емоциите на овие деца се под влијание и на однесувањето на нивните родители, кои може да се чувствуваат неуспешни во обидите да го спречат ноќното мокрење. Родителите може да се чувствуваат фрустрирани, лути и засрамени поради тоа што нивното дете мокри во кревет. Родителите можат да им помогнат на своите деца да ги намалат негативните емоции за сопственото мокрење во кревет и да го забрзаат процесот за негово надминување со давање позитивна поддршка, со разбирање и охрабрување.

нокно мокрењеТераписки пристапи
Пред сe, сите деца ја надминуваат навиката за ноќно мокрење. Како што созреваат, нивните мускули стануваат се посилни, а и капацитетот на мочниот меур станува поголем. Тие стануваат поосетливи за сигналите на мочниот меур и спијат полесно. Постојат два пристапи во лечењето на ноќното мокрење- медицински и бихејвиорален. Медицинскиот пристап подразбира користење на лекови кој може да ви ги препише педијатарот.
Бихејвиоралниот пристап е поефикасен и посигурен од медицинскиот пристап. Додека бихејвиоралниот пристап може да потрае за да покаже резултати, подобрувањето е трајно и може да биде конечно. Постојат неколку методи кои можат да помогнат:
Вежбање на контрола на мокрењето – детето го учите да вежба преку ден да го контролира мокрењето со одложување, од почетокот по неколку минути, а потоа и подолго. Со оваа вежба капацитетот на мочниот меур се зголемува и мускулите кои го задржуваат мокрењето се зајакнуваат. Родителите треба да се консултираат со педијатар пред да почнат да го практикуваат овој метод.
Станување навечер е исто така една од навиките кои детето треба да ги стекне доколку сака да го реши овој проблем. Затоа потребно е да го станувате детето навечер, да го носите во тоалет и да го вратите потоа назад во кревет. Со ова го учите да станува навечер да мокри и да остане суво во креветот.
Аларм за мокрење – овие аларми се корисни и успешни во третирање на проблемот со мокрење во кревет. Медицински истражувања покажале дека овој метод им помогнал на многу деца да го надминат проблемот со ноќно мокрење. Овој пристап бара многу поддршка од семејството, поради тоа што ова може да потрае неколку недели или месеци пред да покаже успешни резултати. Овие аларми даваат подолготрајни резултати од медицинската терапија. Алармот се состои од сензор кој е прикачен на чаршафите на креветот. Алармот се вклучува кога детето ќе почне да мокри. Со тоа детето се буди и оди во тоалет за да го заврши мокрењето, па се враќа да спие. Ова постепено го условува мозокот да одговара соодветно за време на сонот на пораките на мочниот меур.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ