петок, јули 26, 2024
домаЖивотНорвешката Кралска гарда пееше во чест на Цветин! 

Норвешката Кралска гарда пееше во чест на Цветин! 

Еден необичен настан се случи денеска во Домот на армијата во Скопје, каде веќе неколку дена е поставена изложба на слики на кои се нацртани надалеку познатите “Цвеќиња на мирот”, на славниот македонски  уметник и хуманист Живко Поповски Цветин.
Преку 130 млади луѓе од Норвешка, припадници на Норвешката кралска гарда кои се во посета на Скопје, и преку 20 македонски гардисти, ја разгледнаа изложбата, се запознаа со уметникот, и добија подароци цветни цртежи.
Уметникот предизвика голем интерес и емоции кај нив со својата биографија и досегашни остварувања. Се зборуваше за мирот, за мисијата на неговите насликани цвеќиња, за поезијата, па во таа пригода домаќинот ја изрецитира својата препознатлива “Ружа”, песна своевремено на хартија добиена лично од авторот Блаже Конески, додека Дејан Величковски од Гардата за почести на РСМ, направи фантастичен романтичен симултан превод.
За возврат на подароците, цветни цртежи, кои ги добија овие млади луѓе, претставник од гостите на Цветин му врачи почесна паричка од кралската гарда  на Норвешка, а потоа како дополнителен подарок сите заедно, хорски, преку стотина грла во еден глас, во чест на нашиот грандиозен уметник изведоа позната норвешка песна, што се изведувала на свадби.
Нашиот уметник испрати подарок за актуелниот норвешки крал Харолд Петти, цветна слика со пет златни рози, кои ги симболизираат петте континенти.
Не пропушти прилика да упати срдечни поздрави за Кралската Норвешка гарда но и го честита и денот на Македонската армија, која постои 30 години и ја нарече  мирољубива армија, а тој и самиот  е капетан, резервист.
Присутните ги поздрави и Проф. д-р Темелко Ристески, полковник во пензија и претседател на Асоцијацијата на здруженија за одбрана, безбедност и меѓународни односи.
Позитивната атмосфера од овој настан го преплави целиот хол во Дом на Арм.
Валентина Ѓоргиевска Парго
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ