сабота, јули 27, 2024
домаКујнаНов сојуз: Египет склучи договор од 15 милијарди со израелска компанија за...

Нов сојуз: Египет склучи договор од 15 милијарди со израелска компанија за гас

Израелската гасна компанија „Делек дрилинг“ во понеделникот објави дека има постигнато значаен договор со Египет за извоз на израелскиот гас. Договорот, наводно, вреден 15 милијарди долари, беше потпишан помеѓу „Делек Дрилинг“ и американскиот партнер „Нобл Енерџи“, од една страна, и египетската компанија „Делфинус Холдингс Лтд“ од друга страна.

Како дел од договорот, „Делек Дрилинг“ ќе обезбеди 64 милијарди кубни метри природен гас на египетската компанија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали договорот, велејќи дека Израел ќе има голема корист од тоа.

– Го поздравувам историскиот договор што беше објавен за извозот на израелскиот гас во Египет. Ова ќе стави милијарди во државната каса за израелските граѓани да имаат корист од образованието, здравството и социјалната заштита – рече Нетанјаху.

Израелскиот министер за енергија, Јувал Штајниц, исто така, изрази задоволство од договорот, нагласувајќи: – Ова е прв пат од потпишувањето на мировните договори на Блискиот Исток да се потпишани главни извозни договори меѓу двете земји.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ