домаНови цени на горивата од полноќ најави РКЕ

Нови цени на горивата од полноќ најави РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се менуваат цените на горивата. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинството поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста.

Така, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари по литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета односно 85 денари по литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ