вторник, мај 21, 2024
домаЖивотСценаНовогодишен концерт на музичкото студио "Узун"

Новогодишен концерт на музичкото студио “Узун”

Во сабота на 9. Декември 2017, со почеток во 15 часот, во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе се одржи традиционалниот новогодишен школски концерт на музичко студио „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје.

Оваа година концертот ќе биде посветен на семејство од с.Стајковци кои имаат дете со хендикеп за кое се потребни парични средства за операција. По тој повод „Узун“ ги поканува сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат, да присуствуваат на овој концерт.

Во програмата ќе учествуваат ученициte од школата за гитара „Узун“, а како почесни гости ќе настапат членовите на групата „Уни бенд“ од Валандово кои на “Еврофест 2017“ се закитија со Гран при награда за композицијата насловена „За Јанко“, пејачот Горан Симевски, а водителка ќе биде Катерина Стојановска Десковска.

На овој концерт се потсетуваме на легендарниот македонски музичар Јанко Узунов кој е воедно и основач на школата „Узун“, основач, предводник и креатор на учебниот материјал кој во неа се изучува. Неговиот син Кирил, сопругата Жаклина и учениците на „Узун“ уште еднаш ќе покажат и докажат дека неговите дела и музика исто како и нивната љубов и почит кон него се безвременски.

Да потсетиме дека маестро Узунов на фестивалот „Опатија 1976“ во дует со Цветанка Ласкова ја исполни легендарната песна „Момчето со мандолина“, на авторите Славе Димитров и текстописецот Ѓоко Георгиев. Песната беше фаворит да победи на фестивалот, а победникот одеше на Евровизија. 

Маестро Јанко Узунов (1951-2014)  издаде 15 музички компилации- со забавни хитови, со народни, етно поп, стари патриотски песни, дуети, музика за гитара, амбиентална музика, композиции за самостојна гитара, македонски поп евергрини. 

Неговата авторска детска мелодија „Наставничке пријателке“ е првата песна која нашата ѕвезда и легенда Тоше Проески ја има јавно изведено како дете, на училишна приредба во Крушево.

Неговото име денес го носи салата во Домот на културата „25 мај“, во неговото родно Валандово.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ