Интерактивна работилница за истражување на родовата дезинформација и онлајн вознемирувањето каде што млади луѓе, експерти и засегнати страни од заедницата ќе истражуваат за да ги претворат идеите во акција, ќе се одржи во Дневниот центар Гнездо, на 27 април, од 13 до 16 часот.
Преку групна работа, приказни од реалниот живот и заеднички вежби, учесниците ќе анализираат предизвици, ќе споделуваат искуства и ќе ко-креираат практични решенија и препораки за политики.
Оваа активност е во организација на здружението Новинари за човекови права и се спроведува во рамките на Еразмус проектот „Идни хроники“ чија цел е борба против родовата дезинформација и промовирање на демократското учество на младите.
Учеството е отворено за лица на возраст од 18 до 30 години, и за заинтересирани чинители од заедницата. Пријавувањето може да се направи на овој линк.
Ова не е само дискусија – тоа е простор за учење, размислување и заедничко дејствување, велат организаторите.

