Следната церемонија на доделување на американските филмски награди „Златен глобус“ ќе се одржи на 28 февруари 2021 година, наместо во јануари како што беше обичај досега, објавија организаторите, додавајќи дека датумот е одложен поради пандемијата на коронавирус.
Холивудското здружение на странски новинари (HFPA), кое ја доделува наградата, рече дека последователно ќе објави кои ќе бидат критериумите за филмовите кои сакаат да влезат во трка за награда.
Златниот глобус обично е показател за тоа кои филмови ќе бидат наградени со престижниот Оскар, кој секогаш се доделува по церемонијата на Златниот глобус.
И следната церемонија на доделување на Оскарите исто така е одложена. Американската академија за филмска уметност и наука неодамна објави дека 3-та церемонија на доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април 2021 година. А.Н.