среда, декември 25, 2024
домаНаше БебеОн лајн работилници за децата од Ан Блок

Он лајн работилници за децата од Ан Блок

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје традиционално од 1998 година го реализираше проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни” кој има значење од областа на здравствената заштита, економско, психосоцијално, образовно и културолошко во Клиниката за детски болести во Скопје.

Од Ан Блок информираат дека интересот за реализирање на проектните активности во рамките на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата срекни“ е се поголем затоа што целите кон кои се стремат да ги  постигнат се реално потребни и се од голема важност затоа што опфаќаат широк спектар од сите сфери на општественото живеење.

Вниманието оваа година е насочено кон деца кои се згрижени во сите мали групни домови и згрижувачки семејства при Ј.У. Детски дом „11 Октомври“, како и кон вработените во нив. Генерална цел на проектот е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а приоритетни конкретни цели се: имплементирање на основните права и слободи на децата за нивна социјална заштита кои се темелат на базичните меѓународни документи, како што се Универзалната декларација за човековите права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Конвенцијата за правата на детето;  вклучување во општествениот живот и овозможување социјални услуги; поттикнување и развој на личните вредности, како и на општествени вредности во однос на оваа ранлива категорија на најмладите граѓани; овозможување на еднакви можности во смисла на грижа на општесвениот систем во целост за нивен напредок во секоја смисла; унапредување на здравствената заштита преку вклучување во едукативни програми за стекнување нови знаења и вештини и зголемување на нивото на здравствена едукација, како и обезбедување психосоцијална поддршка и едукација; вклучување во различни интерактивни активности за поттикнување на креативното размислување и изразување; овозможување полесно адаптирање во средината и поттикнување комуникација и финансиска поддршка на децата и домовите.

Во овие услови на пандемија, велат од Ан-Блок им овозможивме на децата ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време преку примена на ИКТ како стратегија која се наметна како резултат на почитување на мерките за заштита од Коронавирусот.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ