сабота, јули 27, 2024
домаЖивотОН: Македонија 89-та на светската ранг листа за среќа

ОН: Македонија 89-та на светската ранг листа за среќа

Македонија се наоѓа на 89-то место на светската ранг листа за среќа, која вклучува 156 земји, се наведува во вчера објавениот извештај на ОН (World Happiness Report 2018).

Од земјите од поранешна Југославија, најсреќни се во Словенија, која се рангира на 51-то место. Следат Косово (61), Србија (78), Црна Гора (81), Хрватска (82), и БиХ (93). Од земјите во регионот, најсреќни се граѓаните на Романија, која е на 52-то место, па следи Унгарија (59), додека Грција е 79-та, а Бугарија на 110-то место.

Финска е официјално рангирана на прво место оваа година, а на последното е Бурунди. Финска е пред Норвешка и Данска, по што следуваат Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

ОН во 2012 година го промовираше извештајот кој рангира 156 земји според нивото на среќа на граѓаните, како и 117 земји по ниво на среќа на имигрантите. На оваа втора листа, најсреќни се имигрантите во Финска.

Извештајот се состои од резултатите од испитувањата на граѓаните во земјите на ранг листата. Испитаниците беа повикани да одговорат на прашалникот и да оценат од 1 до 10 каков е степенот на одредени фактори во земјата во која живеат, а тоа се меѓу другите сочувството, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ