понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСцена„ON THE WINGS OF LOVE“ - концерт и промоција на цеде

„ON THE WINGS OF LOVE“ – концерт и промоција на цеде

На 18 ноември во „Јавна соба“ во Скопје е најавен промотивниот концерт “On the Wings of Love” на Махајана Деви (уметничко  и спиритуално имe), музичарка од Македонија која живее во Швајцарија.

На концертот ќе биде претставено новото цеде на Махајана Деви со  нејзини спиритуални песни и мантри и во нејзина изведба, a придруежна од професионални музиачри од Македонија и Швајцарија: Оле Здравковска – виолина, Љупка Манчевска Каевиќ – виолончело, Јоана Ристевска – класична гитара, Деа Плевнеш – ударни, и гостинот од Швајцарија со Хрватско потекло Нарајан – акустична гитара.

Специфично во нејзината музика е тоа што музиката која ја создава има многу елементи на македонската традиционална музика и типични македонски ритмови, сето тоа избалансирано со класични инструменти.

Првиот промотивен концерт беше во Август 2018 во Пула, Хрватска, а вториот се одржа неодамна, на 10 ноември во убавиот Констанц, Германија, а сега посебно и е мило што еден промотивен концерт ќе може да им подари на македонската публика, кој ќе се одржи на 18 ноември 2018.

Махајана Деви се занимава околу 20 години со музиката, главно со пеење. За неа пеењето  значи терапија за душата и  нејзина желба е да ја сподели  нејзината  музика со луѓето со цел да ги допре најфините и најсуптилните  делови во нивната душа.

Нејзината инспирација ја црпи од духовната заедница Комаја каде што е и членка со години и каде што пеењето мантри е една од спиритуалнитe методи.

Овој настан е еден од низата интернационални ивенти по повод одбележувањето  на 40 години постоње на Комаја.  Голема благодарност Махајана Деви  му должи на нејзиниот духовен учител Аба Азиз Макаја за подршката и охрабрувањето во креирање на ова ЦД. Влезницата чини 150 денари.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ