домаКУЛТУРАТеатар и ФилмОтворање на Спомен соба и биографски филм за Вера Кличкова во Музеј...

Отворање на Спомен соба и биографски филм за Вера Кличкова во Музеј на РС Македонија

Отворање на Спомен соба и промоција на биографски филм за Вера Кличкова
– основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија ќе се одржи на 4 јуни, среда во 12 часот.

Во спомен собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директор цели 26 години. Во филмот, за значењето и достигнувањата на Вера Кличкова во етнологијата и музеологијата и создавањето на етнолошките филмови зборуваат нејзини современици и колеги, со што се надопoлнува сликата за целосната посветеност и љубовта кон професијата, како и нејзината значајна улога во целокупниот општествен живот во Македонија.

Автори се Јован Шурбаноски и Елизабета Конеска, а промотор е Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на РС Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ