Mузичкиот издавач Шарлa, неодамна го издаде првото официјално ЕР издание на групата Перија со наслов Кокало ЕР.
Перија се три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ
и Филис Синаноска, а како Перија постојат од 2015 година.
Музичката позадина на овие new age номадки е во балканските традиции
под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз
го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира
културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето.
Свирачки, располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги
сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата
на овие простори. Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со
пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци.
Перија – Кокало ЕР може слободно да се преслуша и симне(free download) на следниот линк:https://sharla.bandcamp.com/album/kokalo-ep

