сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаПетар со песна за поддршка на бедомните животни (ВИДЕО)

Петар со песна за поддршка на бедомните животни (ВИДЕО)

 

Петар Маркоски  сними видео на тема „Нова година“ но со силна порака и поддршка за заштита на бездомните животинчиња.

-Животинчињата/домашните миленици се најдобриот пријател на човекот, нешто со кое можеш да зборуваш со саати, нешто кое блеска од среќа во секој миг од денот кога ќе те види, најблагодарното суштество на Земјата! Секое милениче без разлика дали e бездомно или не, тоа има тон љубов која сака да ја насочи кон некого, верност која безгрижно ја дава и среќа која секојдневно ја шири. Како новогодишен подарок со целата моја љубов Ви ја испраќам оваа преработка на познатата новогодишна песна „Jingle Bell Rock“, и видео на кое ќе можете да го погледнете моето кученце Бруно, кое пред 2 и пол години стана член на нашиот дом, вдомено, невино и исплашено кученце кое талкаше низ градот, вели тој.

И за крај ја дава следнава порака:
-Ви ја подарувам оваа позитивна енергија и Ви посакувам убави празници!

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ