понеделник, мај 20, 2024
домаЖивотСценаЗамина уште една македонска музичка легенда, замина Канго, македонскиот Џими Хендрикс

Замина уште една македонска музичка легенда, замина Канго, македонскиот Џими Хендрикс

По тешко боледување на 67 години денеска во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов - Канго.

Канго повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик. Во неговата биографија е запишано дека е роден во Кочани на 2 Ноември 1951 година, каде што го завршил основното и средното образование и каде и денес живее. Дипломирал на правниот факултет во Скопје.

Со рокенрол музиката се занимава од раната младост, а во 2005 година го прослави 40-годишниот јублиеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера, свирел заедно со скоро сите музичари од неговиот град и пошироката околина. Канго беше и гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговиот истоимен бенд.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

Канго зад себе има седум музички албуми, и голем број на концерти во Македонија и во странство. Исто така има издадено и четири збирки поезија. Дваесет години беше организатор на рок хепенингот ,,Орфејски мистерии’’ кој што се одржува во Кочани.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ