четврток, април 25, 2024
домаКујнаПоплави во САД: Најмалку три жртви, луѓето ги напуштаат домовите

Поплави во САД: Најмалку три жртви, луѓето ги напуштаат домовите

Најмалку три лица ги загубија животите во делови од американскиот Среден Запад и Југ, а стотици ги напуштаат домовите бегајќи од поплавите. Поради обилен дожд и снег, реките ги пробија коритата во Северна Индијана, во јужен Мичиген, и делови од Илионис и Охајо.

Едногодишно девојче беше пронајдено мртво во градот Ферплејн, Мичиген, откако водата го поплавила дворот на куќата каде што живеело со своето семејство, пишува „Дејли мејл“.

Во Оклахома, 53-годишен човек се удавил кога поројните води го однеле неговиот автомобил од мостот во близина на Стилвел. Во Питон, Илиноис, 52-годишна жена го изгубила животот кога нејзиниот автомобил слетал во поплавен канал и потонал, пишува „Чикаго Трибјун“.

Предупредувања за поплави се на сила низ централните и јужните делови на САД, од Висконсин, Илиноис и Охајо до Тексас и Луизијана. Повеќе од 30 милиони луѓе се на некој начин погодени од поплавите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ