понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСценаПосле 20 години „Нокаут“ и „Авалон“ се враќаат на исто место

После 20 години „Нокаут“ и „Авалон“ се враќаат на исто место

Голем славенички концерт на „Нокаут“ во октомври на кој ќе го промовираат и новиот албум, најавува „Авалон продукција“.

-Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј. Па така со реално јак повод каков што е нов албум на групата, „Нокаут“ и „Авалон Продукција“ после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ кале, во организација токму на „Авалон Продукција“ – велат организаторите.

Како дата на средбата помеѓу „Нокаут“ и огромниот број на нивни фанови е избрана 27 октомври во СРЦ Кале. Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.

Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум на „Нокаут“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ