недела, јуни 16, 2024
домаКујнаПовеќе од 150 мртви од невремето во Јапонија

Повеќе од 150 мртви од невремето во Јапонија

Најмалку 155 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето, предизвикани откако рекордни врнежи од дожд го погодија југозападниот дел на Јапонија. Поради катастрофалното невреме во земјата, патувањето во странство го откажа јапонскиот премиер Шинзо Абе.
На подрачјето на Хирошима, кое според Ројтерс, е најлошо погодено, 50 лица се водат за исчезнати. Некои жители кои биле евакуирани порано почнале да ги санираат штетите и да ја чистат околината откако денес престана да врне.
Шефот на Кабинетот Јошихиде Суга рече дека е формирана работна група која ќе има буџет од 18 милиони долари со цел да обезбеди залихи и друга неопходна поддршка за центрите за евакуација и луѓето во Хирошима.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ