сабота, јули 27, 2024
домаЖивотПовеќе од половина од Американците не веруваат дека Фејсбук ги чува личните...

Повеќе од половина од Американците не веруваат дека Фејсбук ги чува личните податоци

Помалку од половина Американци веруваат дека социјалната мрежа “Фејсбук” ги почитува законите за заштита на личните податоци, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од “Ројтерс”. Анкетата спроведена од среда до петок, утврдила исто така, дека помалку Американци му веруваат на “Фејсбук” отколку на други технолошки компании кои собираат податоци за корисниците  како “Епл”, “Гугл”, “Амазон”, “Мајкрософт” и “Јаху “.

Околу 41% од Американците веруваат дека “Фејсбук” ги почитува законите и ги брани нивните лични податоци во однос на 66 проценти кои им веруваат на “Амазон”, и 62% – на “Гугл”. Истражувањето опфати 2237 луѓе.

“Фејсбук”, најголемиот социјален медиум во светот, им се извини на своите клиенти, обидувајќи се да ја обнови својата репутација по информацијата дека дозволиле лични податоци на 50 милиони корисници да „паднат во рацете“ на консултантската компанија “Кембриџ Аналитика”. На крајот од минатата недела, кампањата за деактивирање на сметките на Фејсбук беше една од најгласните, а акциите на компанијата паднаа за 14 отсто.

Меѓу причините “Фејсбук” и други интернет компании да собираат лични информации за корисниците е да можат да нудат реклами за производи и услуги на луѓе кои најверојатно ќе пројават интерес.

Мнозинството полнолетни граѓани на САД велат дека би сакале владата да има поголема улога во контролата на користењето на кориснички податоци од интернет компаниите. Според истражувањето, 46 отсто од возрасните сакаат поцврста владина регулација во споредба со 17 отсто кои претпочитаат помала регулација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ