сабота, јули 27, 2024
домаПредновогодишна турнеа на Маша и Медо низ Македонија!

Предновогодишна турнеа на Маша и Медо низ Македонија!

Поради големиот интерес за спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“, освен настапот во Скопје, организирана е и мини турнеа низ другите градови во Македонија.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.

Претставите ќе се оддржат на: 

  • декември 2017 (сабота) – 17 часот – Скопје – Вип Арената Борис Трајковски (која ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за оваа намена);
  • Декември 2017 (недела) – 12 часот – Прилеп – Дом на култура “Марко Цепенков”
  • Декември 2017 (недела) – 18.30 часот – Битола – Центар за култура

Претставите ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Билетите за претставата во Скопје се веќе пуштени во продажба, а за претставите во Прилеп и Битола билетите може да се набават од утре (02.12.), преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, како и онлајн на www.kupikartizase.com. Цената на билет во Вип Арената Борис Трајковски чини од 300 до 600 денари во зависност од местото на седење.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ