домаКУЛТУРАТеатар и ФилмПремиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна" вечерва во...

Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна” вечерва во кино „Фросина“

Вечерва од 19 часот во киното “Фросина“ во МКЦ е закажана премиерата на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”, изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација” финансиран од Европската Унија.

Документарниот филм, во продукција на „Види вака“ ги следи животните приказни на
пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во Северна Македонија, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.

Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе.
Системот за трансплантација во Северна Македонија бележи континуиран напредок, но сè уште се соочува со предизвици во поглед на свеста за донирање органи. Самиот проект направи позитивни поместувања во системот, а иницијативи како овој филм се од клучно значење за едукација на јавноста и разбивање на стереотипите поврзани со органодонорството, се вели во најавата од организаторите. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ