четврток, декември 19, 2024
домаТехнологијаАвто-МотоПрестанува производството на легендарната „буба“

Престанува производството на легендарната „буба“

Германија автомобилска компанија Фолксваген објави дека од јули 2019 ќе запре производството на легендарната „буба“.

Како што објави порталот „Бизнис инсајдер“, до овој потег германската компанија доаѓа по продолжување на трендот на вртење на пазарот на автомобили кон спортски автомобили и кросовер возила.

Минатата година во САД се продадени околу 15.000 „буби“, што е драматичен пад во однос на повеќе од 420.000 продадени единици во екот на популарноста на овој модел кон крајот од 1960-тите.

Фолксваген најмногу „буби“продаде во САД во 1968 година, кога возилото се појави како тркачки автомобил со име „Херби“ во Дизни филмот „ Love Bug“ (кај нас под наслов „Херби, љубовна бубачка“).

Германскиот автомобилски гигант го прекина производството на својата икона по седум децении од нејзиното лансирање на пазарот.

Првата „буба“ се појави на патиштата во 1938 година во Германија. Сé поголемата популарност во САД во текот на 1960 година го охрабри Фолксваген да ја изгради својата прва фабрика во Америка, во Пуебла, Мексико, за да се задоволи побарувачката. Се очекува дека токму таа фабрика ќе ја произведе последната „буба“ во јули 2019 година.

„Губењето на „буба“ по три генерации, по речиси седум децении производство, ќе предизвика бран на емоции меѓу неговите многу верни фанови“, наведе главниот извршен директор на американската филијала на Фолксваген, Хајнрих Ј. Вебкен, во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ