понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотПРОФЕСОР ЈОВЧЕ ПЕТКОВСКИ: Да ги учиме децата на песна, дружење и скромност!

ПРОФЕСОР ЈОВЧЕ ПЕТКОВСКИ: Да ги учиме децата на песна, дружење и скромност!

Директорот на скопското училиште “Ристо Крле” од Кадино, Јовче Петковски, со своите ученици сними новогодишна музичка честитка со која тие и колегиумот, посакуваат сѐ најубаво во 2023 година.
Овој истакнат млад хармоникаш и професор по музика, со бројни државни први награди со своите ученици и хорови, со турнеи и настапи, е приврзаник на идејата дека Новите години треба да се дочекуваат скромно.

-Нашите ученици во училиштето накитија убава елка, скромна и пристојна, но не го прескокнавме најважниот, педагошки момент – тие да бидат весели и распеани. Да го учиме учениците на заедништво, песна, расположение и скромност, за да имаме сѐ поквалитетни генерации, порача професорот, кој за своите заслуги неодамна прими и благодарница од градоначалникот на општина Илинден, м-р Александар Георгиевски.

Нивниот настап може да се проследи на фејсбук на следниов линк:

https://fb.watch/hKAke2Q3Ry/

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ