сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаПромоција на албумот „Пази куче“: Уникатен целовечерен перфоманс на Васко Атанасоски !

Промоција на албумот „Пази куче“: Уникатен целовечерен перфоманс на Васко Атанасоски !

Својата кауза секогаш да е чекор понапред во другите во музиката и во сценските иновации, и овој пат успешно ја одбрани авторот и уметник Васко Атанасоски, кој синоќа, 23 март, го обелодени својот прв соло албум „Пази куче“. Истата промоција ќе биде повторена и вечерва, 24 март, на истото место, Кинотека на Македонија од 20 часот.

А што виде публиката? Концептот, според кој Васко се претстави оваа вечер спаѓа во редот на уникатни и необични. Авторот и музичар на почеток ги пречека присутните со кус разговор на сцена, во кој објасна зошто за вечерва и за утревечер одбра најпрво да биде прикажан пред публиката неговиот омилен филм „Избавување“. „Уредник со причина“ е наречена оваа негова улога. Веднаш по проекцијата на филмот следуваше мала дружба во холот, за потоа гостите да се вратат во кино салала, во уште поголем број, и да видат што Васко подготви за нив. Се згаснаа светлата, на платното се редеа кадри од стари документарни филмови, и одеднаш во полутемнината на сцена се качи „Ѕвездата на вечерта“ и почна на матрица да ги пее песните од својот нов албум, насловен „Пази куче“.
Понесен од позитивната атмосфера уште на првата песна се симна во публика, се поздравуваше со гостите, потоа „ала Јонче Христовски“ го мафташе и фрлаше своето палто, направи низа сценски финти и успеа да биде интересен цело време, како и секогаш. Својот револт и гнев од општеството на минатите, силни концерти, со бендот „Бернајс пропаганда“ во МКЦ ги упати кон минатата власт, овој пат кон сегашната. Овој пат го прозва Министерството за култура и суканиците на министерот, даде свој став за промената на името, нагласи дека се додека постојат луѓе како него Македонија нема од што да се плаши Инспиративно и надреално. Несекојдневно! Музиката и самиот настап прилегаше на македонскиот бит. Освен што го вртеше палтото како Јонче Христовски, ги покажуваше плочите од „Леб и сол“ и „Архангел“. Ги покажа и неговите награди и достигнувања. Иако со „Бернајс пропаганда“ постигнаа исклучителни успеси, сега кажа дека сака да работи соло, немал веќе време и нерви за бендови, за мислењето и проблемите на басистот, за проблемите со девојката на гитаристот и сл. Уан мен шоу! Уметникот зборуваше за својот град за Западно Скопје, за ГеГе ( Ѓорче Петров), за јазот помеѓу богатите и сиромашните, за се она со што се судруваме во реалноста и не тишти. „Лесно е да сакаш она сите што сакаат, побарај ме на подот таму сите плукаат“ (еден стих од негова песна).

Синоќа и вечерва ова задоволство чини 200 денари во претпродажба (само на билетарницата на Кинотека наМакедонија), и со нив следува подарок ЦД од „Сиромашни и богати“ на ХАХАХА, а истите на врата во Кинотека ќе чинат 300 денари. Но, неговата промоција не запира тука. На 25 март од 19.30 часот по негов избор ќе биде прикажан филмот „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо, по цена од 50 денари, а пред почетокот на проекцијата на филмот Атанасоски повторно ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.
Овој водечки андерграунд уметник ја понесува титулата најдобар и како предводник на бендот „Бернајс пропаганда“, кој неодамна престана да постои, а и сега- како соло уметник. „Пази куче“ излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска (заедно со „Балкан Велики“, издавачката куќа на Атанасоски). Албумот е објавен како винилно издание. На оваа плоча Атанасоски е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист. Иако Атанасоски презема голем дел од обврските за албумот, има и неколку клучни соработници кои го прават „Пази Куче“ тоа што е. Најважен соработник е Дени Крстев (програмирање на ритамот, клавијатури), а воедно и сите песни на албумот се снимени и мастерирани од Крстев во неговото „Студио 1060“. Секако и очекувано, соработници се и Кристина Горовска од „Бернајс Пропаганда“ и Мајк Ват (Minutemen, Iggy Pop And The Stooges), кој, исто така, е автор на фотографијата за задната страна на албумот. Иван Антуновиќ го направи дизајнот за „Пази куче“. „Бла бла Тв“ го снимаше неговиот спектакуларен музички- кино перформанс.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ