четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаПромоција на "Краток албум за двајца"

Промоција на “Краток албум за двајца”

Oваа сабота, на 24 април, со почеток во 21.00 часот во кафе бар Винил ќе се одржи слушачка промоција на деби албумот на Телемама и Пиколомини со наслов „Краток албум за двајца“, како издание за независниот музички издавач – Шарла Рекордс.
Телемама и Пиколомини се соло артисти со веќе неколку албумски изданија зад себе, кои ги афирмираа, како на македонската, така и на регионалната независна музичка сцена. Оваа нивна албумска соработка доаѓа по супер успешниот сингл „Аника“ кој излезе минатото лето и кој не само што ги освои срцата на домашната публика, туку доживеа и солиден интернационален успех. Легендарното њујоршко радио WFMU ја вклучи во својот програм, следено од неколку канадски инди радио станици, европски независни музички портали, а во некогашните југословенски простори беше еден од хитовите за 2017 година.
Краток албум за двајца е мини колекција од 7 композиции напишани од Давид Ангелевски и Драгана Заревска и е обид да се изгради музичко-тематски контекст околу Аника. Се работи за лирски топол и автентичен израз составен од различни музички стилови во кои се слеваат мали приказни, околности и ликови кои припаѓаат на нашето секојдневие, овде и сега. Уникатниот глас на Драгана Заревска повеќе од успешно го води слушателот низ овие за нив досега неистражени музички територии.
Комплетната авторска и продукциска работа, дизајн и подготовка се дело на Давид Ангелевски и Драгана Заревска.
Албумот ќе биде објавен како дигипак ЦД издание достапно во ограничен број копии во сабота, а од наредната недела ќе може да се преземе дигитално од бендкемп профилот на Шарла Рекордс: sharla.bandcamp.com

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ