домаЖивотПромовирана националната платформа за едукација

Промовирана националната платформа за едукација

Министерката за образование Мила Цароска на денешната прес конференција ја промовира Националната платформа за едукација. Како што рече Цароска националната платформа за учење на далечина е едноставна за користење, но истовремено и исчекор кон модернизација на образованието.

„Верувам дека кризата е можност забрзано да работиме на новите алатки, методи и пристапи во образованието, а со тоа да го подготвиме системот и учениците за иднината…моделот кој го избравме е баланс помеѓу доброто образование и заштитата на јавното здравје“, рече Царовска.

Платформата е преведена на сите наставни јазици и во тек се обуките за наставниците и сите ќе бидат опфатени.

@Платформата ја создаваме како трајна вредност, која ќе треба да се надградува” – рече Цароска.

Министерката додаде дека платформата е мошне ефикасна и едноставна за сите коишто ќе ја користат.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ