вторник, мај 21, 2024
домаНаше БебеРазвој на детето: од првата насмевка до првиот чекор

Развој на детето: од првата насмевка до првиот чекор

Стигна и тој момент. Очекувате дете и наскоро ќе станете вистинско мало семејство. Пред вас и вашиот партнер стојат возбудливи моменти и тоа во вистинска смисла на зборот. Всушност, треба да знаете дека не постојат многу работи што може да го сменат вашиот живот толку темелно како раѓањето на првото дете.

Раѓањето на детето секогаш претставува уникатен настан. Тоа е момент кога почнува неговиот живот надвор од телото на мајката – детето ја напушта својата позната околина и се надева дека повторно ќе најде сигурност и заштита во прегратката полна со љубов. Чувството на заштитеност, сигурност и родителската подрршка особено се важни во првите години од животот. Бебето во првите дванаесет месеци напредува со големи чекори на новорпденче кое треба да го носите и храните се додека не стане дете што самото може да научи и да направи многу работи. Токму поради тоа на првата година од животот на бебето се придава голема важност.
Научниците заклучиле дека првите минути по породувањето се пресудни за создавање на изворната доверба. Што порано новороденчето ќе ги почувствува истите услови што ги имало во мајчината утроба, значи колку промената на местото на живеење е понезабележлива, толку повеќе бебето ќе расте повклопено во својата нова околина.
Така, на пример, бебето има голема потреба за топлина, но и желба да се наоѓа во познат простор. На тие детски желби излезете им во пресрет обидувајќи се што подолго да го држите во топло опкружување, но внимавајте да не создадете претопли услови за детето да се поти. Исто така, имајте на ум дека колку и да настојувате на детето да му ги осигурате најдобрите услови, секогаш има работи кои се неизбежни. Главната мисла – водилка нека биде: “спречување”.
Во првата година од животот развојот ќе тече неверојатно брзо – никогаш повеќе во животот вашето дете нема да се развива толку брзо како сега. Вие како родители може да го пратите неговиот развој и од месец во месец да го доживувате неговиот неверојатен напредок од беспомошно доенче во љубопитно дете.

Што учи и открива вашето дете во првата година од животот и како во тоа може да му помогнете со љубов:
1 месец: вашето дете е целосно будно
2 месец: првата насмевка
3 месец: детето почнува да го испитува светот околу него
4 месец: постепено почнува движењетио
5 месец: се буди истражувачкиот дух
6 месец: фаќање со цел, сите сетила се разбудени
7 месец: бебето успефва да се сврти на стомак
8 месец: почнува ра склопува и расклопува играчки (ги вежба веШтините на мајсторите)
9 месец: седењетѕо отвара нови видици
10 месец: детето почнува да ползи на сирте четири нозе
11 месец: првите зборови се изговорени и се направени првите несигурни чекори
12 месец: детето станува извидник кој чекор по чекор го осознава светот…

Радувајте му се на секој нов ден со вашето дете и помогнете му полесно да се адаптира во околината околу него.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ