сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСцена„Само еден“ нова убава песна од Ристо Апостолов

„Само еден“ нова убава песна од Ристо Апостолов

Повторно нешто убаво, допадливо, певливо и квалитетно од музичката работилница на еден од најпознатите рокери Ристо Апостолов. Овој пат „Само еден“, песна која е објавена истовремено со нов спот.

Имено, групата „Водолија“ го сними видео записот за оваа нова песна. Музиката текстот и аранжманот се на фронтменот на групата Ристо Апостолов кој воедно е режисер и монтажер на видеото
.Видео записот се снимаше во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Есра а за техниката се погрижи „Деосол Медиа“.
Во спотот покрај Ристо се појавуват и стандардните членови на составот басистот Бојан Митановски и тапанарката Весела Христовска.
Во изминативе години „Водолија“ сними неколку хитови, од кои највртени беа „Како од бајки“, „Љубовна песна“, „Кога и како“, „Се што ми треба,“„Одам напред“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ