Групата „Балканика“ ќе ја претставува Србија на овогодинешниот Евросонг со песната „Нови деца“.
Тие беа избрани на фестивалот Беовизија што се одржа синоќа, на кој учествуваа 17 натпреварувачи. Фестивалот се одржа по деветгодишна пауза.
Гласањето беше спроведено според системот на Евровизија, а во жирито беа Војкан Борисављевиќ, Ивана Петерс, Душан Алагиќ, Дејан Петровиќ и Жељко Васиќ.