сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСе одржа чествување на роденденот на Гоце Делчев

Се одржа чествување на роденденот на Гоце Делчев

Денес беше одржано чествување по повод 151 години од раѓањето на Гоце Делчев,во организација на граѓанската организација на “Гороцвет” и невладината организација “Нов АСНОМ”, од Скопје.
Пред споменикот на великанот во Градски парк беа положени свежи цвеќиња од невладините организации и граѓани кои го славеа неговиот роденден. Притоа беа интерпретирани народни и уметнички песни посветени на Делчев, симболично беше поставена цветна лента од уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин како и картата на Македонија со 101 цвеќе за Гоце.
Беседеа Цветин, Сашо Маневски и Гоце Ристовски.
Потоа на мостот Гоце Делчев во водите на Вардар беше пуштено шише со порака, односно со познатата реченица” Јас го разбирам светот единствено како поле на културен натпревар меѓу народите”, цвеќе во чест на Гоце, мироносни балони со лента на која е испишана познатата реченица, по која овој идеолог живее не само во колективната меморија и почит на македонскиот народ туку и пошироко.
На крајот делагации на невладините организации и поединци положија цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас, каде се наоѓа вечното почивалиште на славниот херој од Кукуш.
Валентина Ѓоргиевска Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ