вторник, јули 16, 2024
домаСе одржа претставата "Писание" пред полна сала во Велес

Се одржа претставата “Писание” пред полна сала во Велес

Претставата “Писание” се одигра во преполната салата на Општина Велес на 2 март 2024 година. Велешките ученици беа одлични во својата изведба. Темата на „Писание“ народски кажано го одгатнуваше прашањето „што е тоа судбина“.

Дали судбината ни е напишана од самото раѓање или сами си ја предизвикуваме и можеме ли да ја менуваме, беше прашање на ова драмско парче.

Во претставата се споени повеќе аспекти на третирање на животот на Александар Македонски, Филип Втори, Кочо Рацин, Апостол Павле, дали тие живееле неизбежна судбина или не, како и сите ние…

Претставата ја изведе драмското студио „Словото“ по менторство на познатата велешка актерка Весна Димитрова- Бобевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ