вторник, јуни 18, 2024
домаКујнаСе урна мост во Италија: Корона вирусот спречи голема катастрофа

Се урна мост во Италија: Корона вирусот спречи голема катастрофа

Се чини дека корона вирусот не е единствената невоља со која се соочуваат во Италија. Во средата наутро се сруши мост над автопатот во северна Италија. За среќа, нема жртви, благодарение на корона вирусот и вонредната состојба која е на сила на Апенинскиот полуостров со што биле спречени луѓето да се движат во периодот на рушење на мостот.

Рушејќи се мостот над реката Магра, во непосредна близина на градот Албиано, целосно покри дел од автопатот. Мостот се урнал откако поминале два камиони. За среќа, немаше жртви, поради епидемијата на вирусот  луѓето не се движат во своите автомобили.

Двајца возачи на камиони се повредени. Еден возач се здобил со сериозни повреди, а друг е итно пренесен во болница поради шок, јавуваат италијанските медиуми.

Локалните медиуми информираат дека мостот бил на агендата за реновирање поради голем број пукнатини, но експертите тврдат дека структурата на објектот била стабилна.

Сличен инцидент се случи во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Ф.С.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ