сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаСилви и Влатко "Ромален" ќе го изведат во Германија

Силви и Влатко “Ромален” ќе го изведат во Германија

Во организација на музичката куќа и продукција “Сил-Вла”, на 17.10.2020 година од 20 часот во градот Ахен, Германија, ќе се одржи голем, спектакуларен концерт – мјузикл „Ромален ” на Силви Бенд.

Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, броен оркестар на сцена. Ова музичко уметничко доживување минатите години се одржа и во Скопје и неколку градови и предизвика внимание.

Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста, древноста и оригиналноста.
Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален, но и меѓународен интерес за 2020 година.
Најавата може да ја проследите на следниот линк http://www.altes-kurhaus-aachen.de/veranstaltung/silvy-band-romalen/

В.Ѓ. Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ