среда, мај 22, 2024
домаЖивотЗдравјеСитуации кога не треба да се користи маслиново масло

Ситуации кога не треба да се користи маслиново масло

Ценето поради различни примени за готвење, здравје и убавина, маслиновото масло со векови е барано меѓу различни култури и на различни континенти. Иако не постои сомнеж за неговата сестраност и придобивки, сеуште има задачи што маслиновото масло не може (или не треба) да ги врши. Затоа, пред следниот пат да турите маслиново масло, размислете дали е најдобриот избор за задачата пред вас. Еве некои ситуации кога треба да ги разгледате алтернативите.

Кога не го знаете неговото потекло

Пред да подготвите храна или производи за нега на кожата со маслиново масло, осигурајте се дека знаете дека имате вистински производ. Според некои истражувања, дури 80% од италијанското маслиново масло во продавниците всушност е „измама“. Постојат три групи на такви масла: 1) Измешано масло со лош квалитет со масла со добар квалитет, 2) Пакување старо масло кое останало во залиха и продавање како да е свежо и 3) Пакување производ како што е соино или сончогледово масло и подметнување такви шишиња наместо вистинско маслиново масло.

За пржење

Некои нутриционисти тврдат дека маслиновото масло, кое е многу погодно за нашето срце, всушност станува штетно за срцето кога е изложено на температури повисоки од неговата точка на загревање. Сепак, во овие ситуации маслиново масло нема да емитува штетни токсини, но (како и сите други масла) неговата структура ќе почне да се распаѓа. Повеќето нутриционистички вредности што ги поврзуваме со маслиново масло, како што се омега-3 масни киселини, се уништуваат за време на процесот на греење. Наместо тоа, користете го маслиновото масло како „зачин“ откако јадењето е готово.

На скара

Постојат многу рецепти кои препорачуваат маринирање на месо и зеленчук во маслиново масло и зачини пред да ги ставите на скара. Иако овој метод навистина не може да ви наштети, нема многу да ви помогне – маслиновото масло едноставно ќе изгори. Иако на храната на скара не и треба многу масло, решетките треба да бидат добро подмачкани (но за тоа треба масло со повисока точка на загревање од маслиновото масло). Кога храната е готова, тогаш е време да се стави маслиново масло!

Како нега за кожа склона на акни

Многу луѓе го користат маслиновото масло како регенератор за коса, за масажа и како неизбежна состојка во подготовката на нивните сапуни, лосиони и други производи за нега на кожата. Иако не постои сомневање во однос на ефикасноста на маслиновото масло во овие ситуации, за жал, тоа може да направи „неред“ на кожата кој е инаку склона на акни. Причината е што маслиновото масло ги затвора порите, па затоа не е универзален „лек за се“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ