сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаСлаткаристика ја освојува Бугарија, нова соработка со бугарската мега ѕвезда Графа

Слаткаристика ја освојува Бугарија, нова соработка со бугарската мега ѕвезда Графа

Најактуелниот македонски Хип Хоп артист кој продолжува агресивно да го освојува бугарскиот музички пазар, вчера попладне го објави новиот проект на социјалните мрежи. Нова песна и видео запис со наслов „Квартални Џентлмени“ проект изработен заедно со бугарската мега ѕвезда – Графа, познат на македонската јавност по балканскиот хит „Дим да ме њама“.
Графа – Солистички концерт во Арена Армеец (Линк):

Музиката и аранжманот се потпишани од Графа, како автори на текстот се потпишуваат Стефан Валдобрев и Слаткаристика. „Квартални џентлмени“ е со свеж rock’n’roll и boogie звук, и мелодичен хип хоп ритам со авторско римување на Слаткаристика. Овој високо буџетен видео запис е авторско дело на познатиот режисер Валери Милев. „Квартални Џентлмени“ е проект кој изобилува со многу саркастични сцени, самоиронија и хумористичен текст.

Во продолжение погледнете го новиот проект на Графа заедно со Слаткаристика:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ