вторник, декември 24, 2024
домаНаше БебеСпиење во текот на бременоста

Спиење во текот на бременоста

Бременоста е период во кој во телото на жената се случуваат не само телесно промени, но и психички. Се работи за коренити промени кои започнуваат со денот на оплодувањето. Од самиот почеток идната мајка се соочува со нова реалност која се состои од чувства, желби и потреби кои сосема се разликуваат од претходните и кои во текот на бременоста ќе се менуваат, заедно со телесните промени. Дури и ритамот на спиење во текот на бременоста има свој специфичен тек.

Прво тромесечје на бременоста

На самиот почеток на бременоста доаѓа до посебен облик на тромост, чувство на опуштеност и општ замор кој е пратен од зголемена желба за спиење. Веројатно, тоа чувство е последица на преоптеретеност на зголемената активност на организмот која е наметната од бременоста. Дури и на почетокот, кога зголемувањето на стомакот и не е толку забележливо, сепак организмот е соочен со зголемена активност. Веќе од првите недели од бременоста е зголемена циркулацијата на крвта која го присилува срцето на поголема работа, градите примаат повеќе кислород, а и бубрезите исто така работат повеќе. Потполно е природно да и целиот организам има потреба за долготраен одмор кој овозможува собирање енергија.
Типични пореметувања во текот на првото тромесечје на бременоста, како што се мачнина и чувство на страв без некоја посебна причина, можно е зголемена потреба за мирување. Големите промени на телесната тежина се одразуваат и на психички план: нова хормонална рамнотежа доведува до создавање на невроактивни состојки во нервниот систем, а кои се прикажуваат со чувствителност и посебно расположение кај бремените жени. Овој период може да се опише како период во кој жената има потреба да се повлече. Само што дознала дека е бремена, идната мајка сака на момент да биде сама. На некој начин сака да ја заштити врската која само што почнала да се развива. Поради тоа треба да и се овозможи таа нејзина потреба.

Се разбира дека, доколку нема некои сериозни компликации, не треба да се откаже бремената жена од нормалните дневни обврски. Сепак, темпото на работа треба да се намали, а обврските да се сведат на начин на кој бремената жена ќе може да се одмара. Треба да се настојува навечер да се легнува порано или да се овозможи попладневен одмор. Најважно е бремената жена да си признае сама на себе, дека нема доволно сила и отпорност како порано. Вистина е дека бременоста е нормална физиолошка состојба, но исто така и посебен период во кој мора да се обезбеди поголемо внимание за себе и сопственото здравје отколку порано !

Бессони ноќи кои служат за навикнување . . .

Како бременоста напредува, можно е заморот и слабоста од првите месеци во целост да ги снема. Сега бремената жена веќе навикнала на состојбата, а нејзиното тело се прилагодило. Тоа е најчесто и најубав период на бремената жена. Таа општо се чувствува силна, релаксирана и полна со енергија. Дури и спиењето се нормализира : стомакот почнува да е видлив, но се уште не така голем за да смета. Можно е вечерните станувања за мокрење да зачестат поради притисокот на уринарниот меур. Но, во повеќето случаи проблемот со нессони ноќи не постои.
о третото тромесечје доаѓа до промени. Тогаш матката е голема, околу осмиот месец на бременоста веќе ја исполнува стомачната шуплина. детето зазема се поголемо место, а бремената жена треба да се навикне на оваа состојба. Често не успева да спие испружена затоа што чувствува тежина при дишењето. Најповолна положба е на страна, макар и со помош на перница. кој може да го намали притисокот на стомакот. Доаѓа до чести прекини на сонот, поради честите потреби за мокрење.

. . . на непреспиени ноќи

На сите наброени факти се надоврзуваат и мислите, кои често се појавуваат баш ноќе, а кои преку денот успевате да ги потиснете. Будноста не е само последица на мислите исполнети со страв од самото породување, веќе и од организацијата на семејството, и промената која доаѓа со детето и слично. И ова е само психичка припрема за состојбата со која жената ќе треба да се соочи. Без обзир на тоа колку е заморно и непријатно да се биден буден, сепак постои мислење дека тоа не е без добра причина. Многу стручњаци сметаат дека се работи за некоја природна припрема на мајките за честите прекини на сонот кои ќе бидат последица на плачењето на бебето.
Звучи неверојатно, но на многу жени им се случува да прекините на сонот во текот на бременоста им се поклопат со периодот во кои нивното бебе ќе се буди за да биде нахрането.

С.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ