понеделник, октомври 7, 2024
домаНасловнаСтартува колаборативниот центар за квалитетно новинарство

Стартува колаборативниот центар за квалитетно новинарство

Радио Пела, Радио Кочани и порталот ТЕХТ.МК, кој е во сопственост на ГО Новинари за човекови права, од први март започнаа да соработуваат на медиумски проект наречен „Зајакнување на гласовите-колаборативен центар за квалитетно новинарство“. Станува збор за трансформативна иницијатива која ја обединува моќта на двете локални радио станици и еден онлајн портал со цел да креираат Центар за соработка за квалитетно истражувачко новинарство во Северна Македонија.

Овој проект има за цел да го подигне стандардот на истражувачкото новинарство и да ги засили различните заедници преку онлајн платформа што е посветена на нивните специфични интереси. Преку обединување на ресурсите и експертизата што ја имаат трите медиуми, ова партнерство нуди целосна, разновидна и исплатлива покриеност на целата територија на државата.

Главната цел на проектот е да се стави акцент на ангажманот на публиката, давајќи им глас на заедниците во обликувањето на содржината и поттикнувајќи ги на поинформирано и ангажирано граѓанство. Преку „Зајакнување на гласовите“, се претставува духот на соработка и квалитетно новинарство, работејќи кон посилна и пообединета публика.

Овој проект е со поддршка на Програмата #SustainMedia,
кофинансиран од Европската унија и германската влада, имплементиран од ГИЗ, ДВ Академија и Интерњуз и ќе трае една година, а во тој период се очекува да донесе значителни придонеси за развојот на медиумската сцена и граѓанското учество во земјата.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ