сабота, јули 27, 2024
домаКујнаСуматра: Смртоносниот индонезиски вулкан повторно еруптира

Суматра: Смртоносниот индонезиски вулкан повторно еруптира

Индонезискиот вулкан Маунт Синабунг еруптираше утрово, а пепел исфрлаше пет километри во атмосферата. Жешки облаци се спуштаа по планинската падина во близина на Кутаракјат на островот Суматра. За авионскиот сообраќај во оваа област е издадено црвено предупредување поради опасноста од пепел.

Овој стратовулкан избувна за прв пат во 2010 година, откако спиеше четири века. Тогаш експлозијата уби две лица. Четири години подоцна, во 2014 година загинаа 16 луѓе, а уште седум во 2016 година.

По последната ерупција, не беа пријавени жртви, а 30.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови по започнувањето на ерупциите во 2010 година. Овој вулкан е еден од трите што моментално еруптира во Индонезија.

Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен кој има над 120 активни вулкани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ