сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеСЗО: Пандемијата сè уште забрзува и не е под контрола

СЗО: Пандемијата сè уште забрзува и не е под контрола

Пандемијата на корона вирусот сè уште забрзува, а повеќето земји допрва треба да ја стават под контрола, предупреди во четвртокот директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека од повеќе од 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.

Тој оцени дека пандемијата на корона вирусот ги откри нееднаквостите, на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и пошироко во општеството, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Гардијан“.

„Вообичаено се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политички разлики, ниту за оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата ги избриша сите нив“, рече Гебрејесус. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ