Една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња „Тексас“ за прв пат доаѓа на Балканот, после долги години обидување, најави организаторот „Авалон продукција“.
Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг 2018“.
„Тексас“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.
Се разбира дека пејачката Шарлин Спитери ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 6 март, во 21 часот.