Националниот џез оркестар на 30 април во Скопје по десетти пат го организира
фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот.
Главната програма е закажана за 30 април во паркот „Ибни Пајко“, со настапи на домашни и странски изведувачи: од 16 часот се PEACH VICE (МК), од 17:15 – NEXT TO SILENCE (МК), од 18:30 – ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG), од 19:45 – JACO LIVES! – Национален џез оркестар & Dane Alderson (MK/USA), диригент е Сиги Феигл од Австрија, а од 21:00 часот е настапот на ЛЕБ И СОЛ (МК).
Во рамки на фестивалот ќе се одржи и едукативната програма за деца „JAZZ FOR KIDS“ на 29 април од 12:00 часот во Парк „Фредерик Шопен“.
Работилницата се реализира во соработка со Општина Кисела Вода и е наменета за деца и ученици кои преку игра, импровизација и музика ќе се запознаат со светот на џезот.
Меѓународниот ден на џезот е прогласен од UNESCO во 2011 година, по иницијатива на Херби Хенкок, и се одбележува во повеќе од 190 земји.
Настанот е поддржан од Халкбанк АД Скопје и СКОПСКО.
Во случај на неповолни временски услови, концертите на 30 април ќе се одржат во салата на Македонската филхармонија.
Влезот е слободен.
„TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ — VOL.10“ ќе се одржи на 30 април во Скопје
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

