четврток, декември 26, 2024
домаЖивотСцена „Три гонга“ славеа во рок манир

 „Три гонга“ славеа во рок манир

Успешен старт на новата скопска продукција „Три гонга“, во искулирана предновогодишна атмосфера, викедеов славеа дел од екипата и познати македонски рокери.

Во „Мезе бар Цреша“ се собраа познати рокери,  меѓу нив Влатко Илиевски,Славчо Стојановски од „Морал“ и други, наздравуваа со Александар Пејчиновски, еден до тројцата сопственици на агенцијата, покрај Васја Ивановски и Здравко Ситновски- Ситна.

Доследни на својот рокерски стил тие се забавуваа во клуб во кој често се одржуваат рок свирки, а и истакнаа дел од врамените постери од уметниците кои одржаа концерти досега.

„Три гонга“ почна со работа пред неколку месеци, и во својата реализирана програма веќе ги запиша настапите на Дамир Пух, Дамјан Пејчиноски , Давид Нешкоски, Ерик Геилс, Денис Чамберс , „Д Хагис Хорнс“. За  2018 година „на големо“ го најавуваат јануарски концерт на „Морал“,  потоа и други домашни, исто и светски имиња.

Овие концерти во „Станица 26“ на Скопје му даваат урбана музичка боја.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ