вторник, јануари 21, 2025
домаКујнаУметничкото завиткување на Триумфалната порта одложено за 2021 година

Уметничкото завиткување на Триумфалната порта одложено за 2021 година

Проектот на уметникот Кристо да го обвитка историскиот споменик Триумфална порта во Париз, закажан за септември, е одложен за следната година заради неизвесноста околу коронавирусот, соопшти Францускиот центар за национални споменици.

Одлуката ја донесле заеднички уметникот со бугарско потекло што живее во Њујорк, Францускиот центар и Центарот Помпиду. Завиткувањето на познатиот париски споменик ќе биде од 18 септември до 3 октомври 2021 година.

„Со оглед на пандемијата на корона вирусот, Кристо,Центарот за национални споменици и центарот Помпиду се согласија да ја одложат уметничката инсталација за завиткување на Триумфалната порта за една година“, се вели во соопштението.

Изложбата во Помпиду центарот „Кристо и Жан-Клод-Париз!“ предвидена за средината на март беше одложена поради епидемијата и ќе биде отворена за посетители веднаш штом културното здание биде повторно отворено во согласност со мерките воведени за борба против коронавирусот.

Таа изложба е посветена на делото на Кристо и неговата сопруга Жан-Клод во Париз. Меѓу другото, тие во 1985 година го обвиткаа мостот Пон-Неф во главниот град на Франција.

Кристо, чие вистинско име е Христо Владимиров Јавашев (1935), е декоративен скулптор и ликовен уметник.

Меѓу неговите дела се истакнува и завиткување во алуминиумски материјал на Рајхстагот во Берлин во 1995 година, како и импресивната инсталација „Порти“ во 2005 година на шеталиштето на Централ Парк во Њујорк. АН.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ