четврток, април 25, 2024
домаКујнаУште неколку филмови во „Месец на бугарскиот филм“

Уште неколку филмови во „Месец на бугарскиот филм“

Манифестацијата „Месец на бугарскиот филм“, која започна во Кинотеката на Македонија на 1 февруари, трае до крај на месецов. Манифестацијата започна со проекција на бугарскиот филм „Лузери“ во режија на Ивајло Христов кој воедно и беше присутен на проекцијата. Покрај него гостуваа и продуцентот на филмот Асен Владимиров, и специјалниот гостин од Националната филмотека на Бугарија, филмологот Росен Спасов. По завршувањето на проекцијата тие земаа учество во дискусија за филмот под водство на Ивана Смилевска. Манифестацијата продолжи на 8 февруари со проекција на филмот „Мајмун“ на Димитар Коцев, додека на 15 февруари беше прикажан филмот „Слава“ на Кристина Грозева и Петар Валчанов, филм што на сатиричен начин со неорeалистична леснотија дава приказ на современото бугарско општество. Филмот „Скршнување“ на Гриша Островски и Тодор Стојанов, кандидат за венецискиот Златен лав од 1967 г., еден од позначајните наслови од доцните шеесетти, ќе биде прикажан на 22 февруари, кинотечен филм по избор на филмологот од бугарија Петар Карџилов, кој воедно ќе биде присутен на проекцијата. Како увертира на овој филм ќе го прикажеме петнаесетминутниот рекламен филм за Шуменско пиво, „Пијте само Шуменско пиво“, најстар сочуван спот за популаризација на еден производ. По завршувањето на проекцијата гостите од Бугарија ќе земат учество во дискусија за филмот под водство на новинарот Стојан Синадинов (на фотосот). Програмата продолжува на 23 февруари со квази-рок-фолк-моку-ментарниот филм, Мал-Голем, „филм за малите групи“ и нивните „мали хитови и големи мечти“. На 24 февруари на програмата е филмот „Насоки“, филм од поновата бугарска продукција, со кој за прв пат во 30 години Бугарија учествува во „Посебен поглед“ во Кан. Програмата ќе биде заокружена со филмот „Мисија Лондон“ во режија на Димитар Митовски, кој ќе се прикажува на 25 февруари, и е еден од најгледаните Бугарски филмови на сите времиња. Кинотеката се уште прави обиди на затворањето на Месецот на бугарскиот филм да присуствува и дел од бугарската екипа на “Мисија Лондон“, вклучувајќи го и режисерот. Програмата е селектирана и реализирана во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Националната Филмотека на Република Бугарија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ