понеделник, јуни 17, 2024
домаКујнаВатикан: Ердоган на средба со Папата Франциск

Ватикан: Ердоган на средба со Папата Франциск

Папата Франциск денеска првпат по 59 години во Ватикан прими еден турски претседател. Поради посетата на Реџеп Таип Ердоган, во сила се силни безбедносни мерки. Претседателот на Турција допатува во Рим во синоќа, а неговата посета ќе заврши вечерва.

Во централниот дел на Рим, во текот на следните 24 часа се забранети протестни собири, а околу 3.500 полицајци ја обезбедуваат посетата. Помал протест на околу 200 луѓе на иницијатива на Италијанското здружение на Курдите е најавено за вечерните часови недалеку од Ватикан.

Папата, кој се залага за меѓуверски дијалог, беше во Турција во ноември 2014 година.

Ердоган за вчерашна „Ла стампа“ изјави дека за Турција ниту една опција освен полноправно членство во ЕУ не е опција, отфрлајќи го францускиот предлог за „партнерство“. Во текот на денот турскиот претседател треба да се сретне со претседателот на Италија Серџо Матарело и премиерот Паоло Џентилиони, пренесуваат агенциите.

Ердоган воочи посетата, рече дека очекува да разговара со папата за статусот на Ерусалим, во светло на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае тој град како престолнина на Израел.

– САД е осамен во одлуката на администрацијата на претседателот Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел – изјави Ердоган.

Тој додаде дека „Турција води 1,7 милијарди муслимани низ светот, бидејќи моментално претседава со Организацијата за исламска соработка, додека папата Франциск“ е број еден меѓу католиците“.

– Овие два важни блока, всушност, се одлучувачки елементи во овој регион – рече Ердоган, истакнувајќи го значењето на Ерусалим за неколку светски религии.

Темите на состанокот на Ердоган и папата Франциск, исто така, ќе бидат и ситуацијата во Сирија, бегалската криза, проблемите со  исламифобијата и расизмот во светот. Ердоган и папата разговараа на крајот од минатата година по телефон токму за прашањето на Ерусалим.

Тогаш изразија задоволство од резултатот на гласањето во ОН, барајќи од САД да ја поништат едностраната одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Одлуката на Трамп ја оценија како погрешен потег. Тогаш се согласија и дека треба да се состанат за да разговараат за билатералните односи и меѓународните прашања.

Папата и претходно ја критикуваше промената на американската политика кон статусот на Ерусалим и повика на решавање на проблемите со преговори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ